Екипата на Стела Сен Мор, која во минатата сезона го освои трофејот во второто по квалитет натпреварување во Франција, нема да учествува во француската елита.
Националната комисија за контрола и управување на француската ракометна федерација потврди дека клубот поради недоволно финансии нема да може да се натпреварува во најсилната лига во Франција.
Тоа значи дека дека Мирињак, клуб кој минатата сезона не успеа да го сочува суперлигашкиот статус, би можел да се врати во Првата лига во Франција.
Сепак, Мерињак, за повторно учество меѓу прволигашите ќе треба да добие одобрение од националната комисија за контрола и управување.
Француските прволигаши секоја сезона треба да имаат финансиска гаранција, односно одреден буџет за нормално функционирање.