Немаат што повеќе да си кажат: Освоија ЛШ со Периќ и се скараа!

Билјана Црвенкоска има тренерско деби од соништата – ни помалку, ни повеќе како асистент на Роберто Парондо во Вардар, во нереалната сезона 2018/2019 кога стигнаа до втората европска шампионска титула.

А, потоа неочекувано, како што ја доби функцијата, така беше и прекомандувана во женскиот тим. Непотврдено, причината е, недоразбирањето со тогашниот тренер на голманите, Дејан Периќ, во соблекувалната и тоа веднаш по освојувањето на европскиот трон.

„Не знам дали тоа е причината за мојата промена, затоа што не разговарав директно со Сергеј (Самсоненко), туку одлуката ми беше соопштена од директорот Давор Стојановски, дека веќе нема да бидам дел од машкиот тим, туку од следната сезона ќе работам во женската екипа. Можеби Сергеј имал и некоја друга визија, да се пробам и во женскиот ракомет, ако планираше да продолжи, можеби би ми дал да водам и некоја селекција – не знам. Вистина е дека имаше недоразбирање со Периќ и тоа веднаш по освојувањето на шампионската титула во Келн. Кога почнавме да славиме во соблекувалната, додека чекавме сите играчи да дојдат (уште беа во микс-зоната и даваа изјави) Периќ ми кажа нешто што мене лично многу ме навреди и како човек и како тренер. Бев непријатно изненадена и повредена затоа што имавме одлична соработка и комуникација, и пред да станам тренер, кога тој доаѓаше во Скопје. Знаевме и кафе да испиеме и да зборуваме за ракомет, и за голманите или како играчите со одбраната може да им помогнат на голманите… Не знам што се случи, можеби беше и недоразбирање, но ме навреди многу. Потоа се обиде да разговара со мене за тоа, но му посакувам се најдобро и успешна кариера, но ние немаме повеќе што да си кажеме.“

Подолу може да го погледнете целосното интервју…

ИНТЕРВЈУ БИЛЈАНА ЦРВЕНКОСКА: Велам ДА на секој предизвик и тоа ме донесе до А-тимот