Нелтон Мело: Чудно ми е што во недела не работат продавниците во Скопје

Вардар сезонава ќе има неколкумина нови ракометари меѓу кои и Португалецот Нелтон Мело Игра на позиција лев бек и е поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски кои играат на истата позиција во тимот. Младиот Нилтон потекнува од Спортинг Лисабон, но во борба за минутажа често настапувал како позајмен ракометар. Има само 19 години.

„Го одбрав Вардар бидејќи тој е голем и почитуван клуб. Менаџерот ме советуваше да дојдам тука. Ми рече дека тоа е одличен клуб и добар тим за мене, го почнува разговорот Нелтон за 24ракомет.

Вардар сега има млад и не многу искусен. Целите секогаш се високи и треба да се исполнат. До почетокот на сезоната „црвено-црните“ ќе настапуваат на турнирот во Струга, а претходно одиграа и три контролни средби. Нелтон е еден од неколкуте млади играчи во тој тим заедно со Петриќ, Стојановски, Срдановиќ, Хансер…

„Тимот е млад, но некогаш тоа е добор. Желен е за докажување и тоа може да биде предност. Луѓето не очекуваат ние да бидеме фаворити, и тоа е предност, бидејќи ќе се игра послободно, вели Нелтон кој преферира да го ословуваат со тоа име, иако некои му се обраќаат и со Мело.

Доаѓањето во нова зeмја, нов клуб, соработка со нови играчи, и среќавање со нови навики и култура може да биде потешкотија. Засега Нелтон нема проблеми со тоа, иако некои работи му се многу чудни на почетокот од неговиот престој во Скопје.

„Премногу е топло. Барем за мене. Храната не е многу скапа, цените не се високи. Во недела повеќето продавници се затворени. За мене тоа е нешто ново. Во Португалија продавниците се отворени. Прашав една девојка зошто е затворено, и ми објасни дека недела е ден за одмор, вели Нелтон.

Но, тој смета дека Скопје е многу сличен на Лисабон. Иако тука нема океан и плажа постои поврзаност.

„Голема разликата е што нема море и плажа. Но, сепак е многу слично. Немаваме многу време за излегување и шетање. Но, културата некако е многу слична, околу пиење кафе, дружење на луѓето, коментира Нелтон.

Јазичната бариера не е проблем, па покрај шпанскиот и португалски јазик Нелтон лесно комуницира на англиски. Единствениот што засега комуницира на шпански е Хансер Мишел Родригез.

Бројката на дресот со кој ќе игра Нелтон е 77. Но, тој е зафатен во Вардар, па резервната варијанта е бројот 96.

„Бројот 77 е поврзан со моите почетоци. На мојо тпрв меч го носев бројот 77, и лани на финалето играв со тој број. Мене тоа ми е важно, но сега тој е зафатен, вели Нелтон.

Вардар во првото коло на турнирот во Струга го победи домаќинот со 29-17, и во вториот меч ќе игра со ГУИФ Ескулстуна утре (петок). На 26 август е домаќин на Рајн Некар во првиот меч од квалифкациите за пласман во групната фаза од Лига Европа.
.
.
.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!
.
.