Хрватскиот вицепрвак Нексе, кој ланската сезона обезбеди историски успех на европска сцена, играше на Ф4 турнирот во Лига на Европа, во новата натпреварувачка сезона 2023/24 ќе има големи амбиции.
Според информациите на хрватскиот портал „Dnevnik.hr“, клубот од Нашице постигнал договор со хрватскиот репрезентативец Филип Главаш.
Претходно во хрватските медиуми се појави информацијата дека актуелниот член на Веспрем, Мануел Штрлек е пред потпис со Нексе.
Главаш моментално настапува за Тримо Требње и на Светското првенство 2023 беше најдобар стрелец во таборот на ,,коцкестите” и Мундијалот го заврши со 36 погодоци.
Десното крило со словенечкиот суперлигаш две години настапуваше во Лига на Европа. Во својата кариера го носеше дресот и на Вараждин и Замет.