Битолски Еурофарм Пелистер за два дена го чека реваншот против Нексе во Нашице во кој ќе брка негатива од три гола од првиот натпревар во Битола.
Нексе во Нашице запиша победа од 29-26. Хрватскиот тим е поблиску до пласман во четвртфиналето, но секако дека „пелистерци“ нема да се откажат предвреме, посебно што ќе играат пред своите гледачи во полна сала.
Дека работата е далеку од завршена знаат и во Нексе па затоа тие побара и добија одложување натпревар во домашното првенство. Натпреварот од шестото коло во домашното првенство во кое ќе играат со Горица, а требаше да се игра викендов е преместен за на 20 април после репрезентативната пауза. Целта на Нексе е да има подолги подготовки за реваншот со битолскиот состав.
Затоа хрватскиот тим од вчера е во Битола, веќе одржа еден тренинг, а ќе тренира и денеска во салата „Боро Чурлевски“, која ќе биде полна за натпреварот. Натпреварот помеѓу Нексе и Еурофарм Пелистер се игра во во вторник со почеток од 18:45 часот.