Нексе добива конкуренција, Бенфика преговара со ЕХФ за организација на Ф4

Португалскиот „О Жого“ објави дека Бенфика започнала преговори со ЕХФ за домаќинство на фајнл-форот во Лигата на Европа.

Бенфика сака натпреварите на најдобрите четири екипи во второто по ранг натпреварување во Европа да ги организира во Лисабон во „Алтиче Арената“ која беше домаќин на финалето на Светското првенство во машка конкуренција.

Претходно беше објавено дека хрватски Нексе сака да го организира турнирот, но градот од каде што доаѓа Нексе нема арена која ги исполнува барањата на ЕХФ за организација на ваков турнир. Нексе затоа ја разгледуваше опцијата да биде домаќин во Осијек или Загреб.

Покрај португалскиот и хрватскиот клуб во борбата за трофејот ќе бидат уште Магдебург и Висла. Ждрепката за турнирот ќе се одржи следниот петок во 12:00 часот. Датумот на одигрување е 28. и 29. мај.

По историскиот успех апетитите растат: Нексе сака да биде организатор на Ф4 во Лигата на Европа!