Нексе го доби трилерот со Скјерн со гол во последните секунди

Хрватскиот вицепрвак Нексе направи изненадување во првото коло од групната фаза во Лига на Европа и на гостувањето во Данска кај Скјерн оствари триумф со 30:29. Голот за победа на Нексе го постигна Томислав Северец на речиси десетина секунди пред крајот.

Иако Нексе настапи без еден од главните играчи, десниот бек Предраг Вејин, сепак, избраниците на Бранко Тамше одиграа одличен натпревар и во најголемиот дел беа во водство.

Нексе во победата беше предводен од Томислав Северец и Лука Мославац со седум, односно шест погодоци. На голот на Нексе младиот Доминик Кузмановиќ беше солиден со 12 одбранети удари.

Кај Скјерн се истакна повремениот репрезентативец на Норвешка, Еивинд Танген со осум погодоци од 12 обиди.

На останатите натпревари, кои се одиграа во терминот од 17:00 и 18:45 часот, немаше изненадувања. Победа остварија екипите на Грањолерс, Фуксе Берлин, Гепинген и Екс Ан Прованс.

ЛИГА НА ЕВРОПА, РЕЗУЛТАТИ

1.КОЛО

ГРУПА А

ГЕПИНГЕН – ВЕСПРЕМ ККФТ 46:30 (23:18)

КАДЕТЕН – МОНПЕЛЈЕ 20:45ч

ПРЕШОВ – БЕНФИКА 20:45ч

ГРУПА Б

ИШТАД – ЕКС АНД ПРОВАНС 29:33 (14:17)

ФЛЕНСБУРГ – БЕНИДОРМ 20:45ч

ВАЛУР – ФТЦ 20:45ч

ГРУПА Ц

БАЛАТОНФУРЕДИ  – ГРАЊОЛЕРС 25:30 (12:15)

СКЈЕРН – НЕКСЕ 29:30 (14:14)

СПОРТИНГ – АЛПЛА ХАРД 20:45ч

ГРУПА Д

МОТОР – ФУКСЕ БЕРЛИН 27:38 (10:19)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АРХУС 20:45ч

БИДАСОА – АГУАШ САНТАС 20:45ч