Турскиот портал „Hentbolhaber“ преку социјалните мрежи објави дека неколку ракометари се водат за исчезнати по разорниот земјотрес што вчера ја погоди јужна Турција, како и северна Сирија.
Според информациите на медиумот, репрезентативецот на Турција и член на Хатајаспор, Џемал Кутахја сѐ уште се наоѓа под урнатините во градот Хатаја.
Искусниот ракометар за време на земјотресот бил заедно со неговото семејство. Освен Кутахја, под урнатините се наоѓаат уште неколку ракометари.
Репрезентативецот на Алжир во редовите на Хатајаспор, Усама Буџенах преку социјални мрежи истакна дека ни самиот не е свесен како преживеал во земјотресот.