Некои нови клинци: Чиле е тест за иднината…(ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија-Чиле (прв натпревар)

Македонија новата ракометна година ја отвори со победа против Чиле со четири голови разлика откако дојде до победа од 25:21 во рамките на првиот од двата подготвителни натпревари за гостите од Јужна Америка.Чиле се подготвува за Светското првенство во Египет кое започнува на 13 јануари.

Сениорската репрезентација на Македонија ја доби првата контролна средба против селекцијата на Чиле со четири гола разлика откако денеска успеа да дојде до победа од 25:21. Играјќи без капитенот Лазаров, кој беше поддршка само од клупата, репрезентативците во мирна игра одиграа добар натпревар од кој селекторот Данило Брестовац ќе треба да ги извлече и добрите и лошите страни во играта. Чиле се подготвува за настап на Светското првенство во Египет 2021 во Скопје, а во рамките на подготовките ќе одиграат уште еден натпревар со подмладената Македонија.