Со ангажирањето на двајца поранешни членови на Металург и еден на Вардар (сите играат сега за други тимови) бројката на бекови за следната сезона во редовите на Келце порасна до 15.
Некои клубови имаат сериозни проблеми за бековската линија и не можат да направат список подолг од 7-8 играчи, но за Келце тоа не е никаков проблем.
За сезоната 2021/22 во овој тим има дури по пет ракометари на секоја од бековските позици или вкупно 15 играчи така што ростерот е речиси пополнет без голманите, крилата и пивотите.
На лев бек во тимот на Келце ќе играат: Симон Сицко, Томаш Гебала, Халил Јагањац, Дорук Пеливан, Даниел Душебаев. Како средни бекови во комбинација се: Сташ Скубе, Елиот Стенмалм, Михал Олејничак, Хаукар Тастарсон, Стефан Додиќ, додека на десен бек се: Алекс Душебаев, Недим Ремили, Павел Пачковски, Бранко Вујовиќ, Фарук Јусуф.
За Талант Душебаев ова ќе бидат слатки маки бидејќи во секој момент ќе може да има барем двајца топ подготвени играчи на секоја позиција и тие ќе можат да одговорат на потребите на тимот, но јасно дека дел од овие играчи ќе заминат на позајмици во други клубови.