Поранешното лево крило на Вардар, Добривоје Марковиќ повторно во текот на сезоната ги менува клупските бои. Откако сезоната ја започна во Нови Пазар крајот најверојатно ќе го дочека во Втората лига на Србија во тимот на Југовиќ.
Неговиот ангажман во Нови Пазар траеше само шест месеци, а со трансферот во тимот од Каќ се надева дека ќе и помогне на екипата да избори пласман во Супер лигата на Србија.
33-годишниот Марковиќ со овој трансфер во Втората лига на Србија се чини дека го најавува крајот на кариерата. Претходно тој има настапувано меѓу другите и за најдобрите екипи во регионот Вардар и Загреб.
Ова практично значи враќање на неговите почетоци кога настапуваше во истата екипа, а во меѓувреме има играно и за Синтелон, Сиудад Енкантада, Железничар и Нови Пазар.