Ракометарот што од Светската ракометна федерација беше прогласен за играч на 20 век, Магнус Висландер, преживеа мозочен удар! Тој се наоѓа во болница во Гетеборг.
„Наеднаш се беше темно, и сфатив дека ќе колабирам. Најпрво клекнав, потоа легнав и не можев да зборувам. Целиот живот како да ми заврши наеднаш. Не можев да ја движам левата рака, но сега ситуацијата е подобра“, објасни Висландер за шведските медиуми.
Тој е дел од генерацијата на Олсон, Врањеш и Ловгрен, и е дел од најголемите успеси на шведскиот ракомет. На клупски план беше дел од најдобрите времиња на Кил, а за шведската репрезентација постигна 1185 голови.