Рускиот шампион Ростов Дон, успешно ја прескокна една од потешките пречки кон одбраната на титула во првенството.
Тимот предводен од Амброс Мартин, славеше на гостувањето кај ЦСКА Москва со 20-25, иако домаќинките во поголем дел од мечот му задаваа големи проблеми на шампионот.
За ЦСКА Москва играше нашата репрезентативка Сара Ристовска, додека во Ростов Дон настапи Полина Кузнецова.
Некогашните крила на Вардар, кои тресеа мрежи за „црвено-црната“ екипа пред две години, сега се лути ривалки на терените во Русија.