Некогашното лево крило на Вардар го тужи екс клубот

Некогашното лево крило Добривоје Марковиќ на Вардар не планира да ја заврши ракометната кариера и веќе е во потрага по нов клуб.

Сепак неговото име овие денови е актуелно поради тужбата која ја поднесе кон поранешниот клуб Железничар Ниш за неисплатени плати.

Тој беше член на тимот од Ниш во сезоната 2018/2019, а претходната играше во тимовите на Нови Пазар и Југовиќ Каќ.

Арбитражата на Српскиот ракометен сојуз наскоро треба да донесе одлука за случајот Марковиќ – Железничар Ниш.

Левото крило има неколку понуди за продолжување на кариерата, а најсериозна е онаа од босанскиот тим Слога Добој.