Според пишувањата на српски „Моцарт Спорт“, селекторот на женската репрезентација на Србија, Урош Брегар, ќе биде предводник на женскиот тим на Војводина.
Доколку се реализира трансферот на Брегар во Војводина, тогаш конечно ќе се реализира старата идеја на ракометната куќа на Србија, а тоа е двајцата селектори на репрезентацијата да работат во српски клубови.
Пред извесен период во споменатиот медиум се појави информацијата дека селекторот на машката српска репрезентација Тони Херона ќе биде назначен за тренер на српскиот вицепрвак Партизан.
Некогашниот тренер на Вардар моментално нема клупски ангажман откако одлучи да го напушти унгарскиот суперлигаш Шиофок, кој за следната сезона најави дека целосно ќе го подмлади тимот, па така речиси сите ракометарки, како и словенечкиот стратег, си заминаа од клубот.