Некогашен вардарец со мајсторски гол од слободен удар донесе победа (ВИДЕО)

Повремениот репрезентативец на Црна Гора и поранешен член на Вардар Јуниор и Вардар, како и на Пелистер - Ристо Вујачиќ, постигна мајсторски погодок од девет метри за победа на неговиот сегашен тим Рибница над Тримо Требње со 29:28 во 14. коло од словенечката лига. Вујачиќ пронајде дупка во противничкиот блок и успеа да погоди во самиот агол од голот за големо славје во салата во Рибница. Црногорецот имаше и свој коментар за натпреварот. „Зад нас е многу тежок натпревар и физички и ментално, како што беше и нашиот последен лигашки дуел. Започнавме катастрофално, пропуштивме многу шанси и направивме многу технички грешки. Сето тоа го поправивме во второто полувреме и со малку среќа заслужено победивме“, изјави Вујачиќ.