Поранешната ракометарка на Вардар и екс репрезентативка на Русија, Ана Виноградова реши да ја заврши играчката кариера. Русинката, која настапуваше на позиција лево крило, последната сезона од својата кариера ја мина во редовите на Балтичка Зора од Санкт Петербург.
36-годишната ракометарка ќе остане во ракометот и ќе работи како тренер во едно од спортските училишта во Санкт Петербург и своето знаење и искуство ќе им го пренесува на најмладите.
Виноградова во вардаровиот табор играше од 2012 до 2014 година. Искусното лево крило првата сезона во Вардар ја мина во првиот тим, додека во втората сезона беше дел од вториот тим. Откако го напушти Вардар се пресели во Минск, клуб кој во сезона 2014/15 се обиде да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Пред да се врати во „зборнаја“ настапуваше во шампионатот на Финска, во дресот на ХИФК. Го носеше дресот и на некогашните руски великани – Лада Тољати и Звезда Звенигород, како и на Спартак и Кировчанка од Санкт Петербург.