Некогашна вардарка го менува националниот дрес!

Поранешната ракометарка на Вардар, Барбара Лазовиќ, во иднина би можела да настапува за селекцијата на Црна Гора.

Своевремено додека Словенката играше за српскиот Зајечар беше на чекор до српската репрезентација, но тој план не се оствари, па десниот бек повторно заигра за татковината.

Последниот настап за Словенија го има во јуни 2017 година, што значи дека за еден месец истекуваат три години, па ќе биде исполнет првиот услов за менување репрезентација.

„Кај мене постои желба, а и секој спортист сонува да учествува на Олимписките игри. Во преговори сме, па ќе видиме што ќе се случи на крајот“, вели Лазовиќ за црногорските медиуми.

По настапите за Вардар, таа се пресели во романскиот ЧСМ Букурешт, а во моментов е ракометарка на Будуќност од Подгорица.