Некогашната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров и Ѓер, го раскина договорот со рускиот првак Ростов Дон.
Иако имаше најави дека ќе ја доигра сезоната во Русија, сепак Ростов Дон објави дека договорот е раскинат.
„Во Ростов Дон поминав прекрасно време и заминувањето од клубот не беше лесно решение. Ова е моја последна сезона во кариерата и мечтаев да играме финале на ЛШ. Но има работи на кои не можеме да влијаеме“, вели Аморим.
Таа дојде во Ростов Дон лани летото и освои титула во рускиот Супер Куп.
Покрај Аморим од Ростов Дон заминаа тренерот Јохансон, Боршенко, Лагерквист, Заади и Брновиќ, чиј договор сепак останува активен од следното лето.