Словенечката репрезентативка и ракометарка на Подравка, Тјаша Станко од наредната сезона ќе настапува во француското првенство. Таа е најновото засилување за Мец на кој ќе се приклучи по завршувањето на сезонава.
Тјаша Станко кариерата ја започна во словенечкиот Загорје со кој беше трикратен шампион на земјата, а потоа со Крим уште еднаш го повтори успехот. Првото интернациноално искуство и е сезонава во Подравка која ќе ја напушти после само една сезона.
„Мец е познат, успешен клуб со многу добра меѓународна репутација. Управата и тренерите ја делат истата визија за ракометот како и јас што многу влијаеше на мојата одлука. Јас ќе дадам се од себе за да му помогнам на тимот да ги оствари своти цели и се надевам дека тука ќе продолжам да се развивам, како ракометарка а и како личност“, изјави Тјаша по потпишувањето на договорот.“
Станко неколку сезони е редовна учесничка во Лигата на шампионите, а во сезоната 2017/18 година беше прогласена за најдобар млад играч.