Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Јелиз Озел, која беше миленичка на фановите на некогашниот европски шампион, иако има 43 години, сѐ уште игра во одлична форма.
Довчерашната репрезентативка на Турција во новата сезона направи трансфер од Измир во Јеликавак и на својот нов клуб му го донесе првиот Супер Куп трофеј.
Јаликавак за трофејот во Супер Купот се бореше против актуелниот шампион на Турција, Кастамону, и успеа да прослави убедлива победа со 34:28.
Голем удел во победата на Јаликавак имаше токму Јелиз Озел, која имаше седум постигнати погодоци и кон своите соиграчки подели неколку асистенции.
Прв стрелец за новиот освојувач на Супер Купот беше екс репрезентативката на Тунис, Мона Чебах. Искусната ракометарка во голот на турскиот шампион имаше десет реализации.