Некогашната ракометарка на Вардар, Камила Херем, го продолжи договорот со нејзиниот матичен клуб Сола.
Левото крило по заминувањето од македонскиот тим и камбекот во Норвешка, ја комплетираше третата сезона во Сола, а сега го продолжи престојот и ќе игра најмалку уште две сезони.
Нејзиниот сопруг Стефан Стегавик, кој не беше толку успешен во играчката кариера како Херем, почнува тренерска кариера и ќе и биде тренер на Сола во следните две години.
Херем потекнува од Сола, играше осум години за Бјасен, а по една сезона за Баја Маре, Вардар и Хослтебро. За норвешката репрезентација таа настапи 247 пати, а постигна 664 погодоци.