Некогашниот десен бек на Вардар, Александра Лакрабер, од лето ќе има нов предизвик во богатата кариера.
34-годишната поранешна репрезентативка на Франција, која се повлече од настапите за националниот тим минатата година, потпиша за романскиот Рапид Букурешт.
Лакрабер оваа сезона игра во францускиот Шамбре Туре, откако претходо играше за Флери Луар по заминувањето од Вардар, каде што играше две сезони.
Францускиот „Л’екип“ пишува дека покрај Лакрабер, амбициозниот Рапид Букурешт ќе ја ангажира и голманката на Мец, Ивана Капитановиќ.
За Лакрабер ова ќе биде четврти клуб на меѓународна сцена, откако покрај Вардар ги бранеше боите на шпанската Бера Бера и руската Звезда.