Некогашната голема надеж на српскиот ракомет и поранешен член на Металург, Немања Младеновиќ во новата сезона ќе игра во Катар.
Левиот бек, што може да ја покрие и средната бековска позиција, потпиша за тимот на Ал Ахли.
По заминувањето од Автокоманда, во која играше во сезоната 2016/17 година, Младеновиќ играше во Констанца и Спортинг Лисабон.
Претходно настапуваше во германските Гумерсбах и Емпор Рошток, како и францускиот Сесон Рен.