Ривалот на тимот на Чаир, Наиса Ниш, се поднови во стручниот штаб пред пресметката од второто коло во Купот на ЕХФ.
Некогашниот стратег на машкиот тим на Вардар, Љубомир Обрадовиќ, кој во клубот работеше во 2000/01 година во времето на Михајло Михајловски е нов тренер на Наиса.
Обрадовиќ по заминувањето од Скопје, каде беше само една сезона, работеше во Порто, Мадеира и Белененсес, беше селектор на Црна Гора, а работеше и во машката и женската репрезентација на Србија.
Во моментов е активен само во женската репрезентација, со која се подготвува за настап на ЕП во Данска и Норвешка.
Досегашниот тренер на Наиса, Светислав Јовановиќ, останува во клубот и ќе работи во младинските категории.