Поранешниот стратег на Вардар, Перо Милошевиќ, по ангажманот во романскиот тим Бузау, ќе има нов предизвик во кариерата.
Милошевиќ ќе го води тимот од Босна и Херцеговина, Слобода Тузла, кој реши да се раздели со Синиша Маркота по лошите резултати во серија.
Слобода Тузла забележа пораз кај Олимпијакос со 34-24 во Европскиот Куп, а имаше серија порази и во босанскиот шампионат, па раководството се реши за промена.
Милошевиќ има огромно искуство, беше предводник на Будуќност, Политехника Темишвар и Ловќен, Вардар го водеше во сезоната 2010/2011, а беше и селектор на Катар и на младинската селекција на Југославија.