Поранешниот репрезентативец на Србија, левото крило, Иван Никчевиќ, одлучи да стави крај на својата богата кариера.
Искусниот ракометар, кој има 42 години, последната сезона од неговото активно играње ја мина во екипата на Бенидорм од Шпанија.
Во шпанскиот клуб настапуваше две сезони, додека од сезона 2016/17, па до 2019/20 го носеше дресот на Спортинг Лисабон.
Никчевиќ во својата кариера беше дел и од екипите на Висла Плоцк, Алтеа Портланд, Ваљадилид, Гранољерс и Црвена Ѕвезда.
Најголемиот успех со српската репрезентација го постигна освојуваќи го сребрениот медал на Европското првенство во 2012 година.