Екс ракометарот на Работнички, Немања Марсениќ, во следната сезона ќе продолжи да игра во босанскиот шампионат, но ќе има нов клуб.
Црногорецот е првото засилување во тимот на Леотар од Требиње, клуб кој сезоната во шампионатот на БиХ ја заврши на 5. позиција на табелата.
Марсениќ во пролетниот дел од оваа сезона го носеше дресот на Слога од Горни Вакуф- Ускопље.
Левиот бек во својата кариера настапуваше и за екипите на Беране, Иванград, Комови, како и за екипата од Македонија, Работнички.
Раководството на Леотар во претходниот период ги продолжи договорите со неколку главни играчи.