Некогашен десен бек на Металург со „рестарт“ на кариерата

Иако минатата година среде сезона реши да ја заврши активната кариера, Марко Бувиниќ ќе се врати на терените.

Хрватскиот десен бек, кој своевремено го носеше дресот на Металург, ќе заигра за тимот на Умаг од хрватскиот шампионат.

Искусниот Бувиниќ, во летото 2021 потпиша договор со романската Констанца, но го одработи само половина и во февруари 2022 објави крај на кариерата.

Сепак по пауза од година и половина, десниот бек одново ќе игра ракомет. Бувиниќ за екипата на Металург играше две сезони, 2014/15 и 2015/16.

Во својата кариера освен за Металург, настапуваше и за екипите на Пореч, Умаг, Брегенц и Нексе.