Летните Олимписки игри во Токио планирани за ова лето може да бидат откажани. До стартот на Олимписките игри има помалку од 100 дена, а домаќинот, Јапонија односно локалните здравствени експерти го забележаа и четвртиот бран на ковид-19 во нивната земја.
Одобрение за откажување на Олимписките игри даде владејачката партија во Јапонија доколку има значителна бројка на заразени во следниот период. Олимписките игри требаше да бидат одржани во периодот од 24 јули до 9 август минатата година, но поради ковид пандемијата беше решено да бидат преместени во 2021.
Организаторите пред еден месец одлучија спортските настани за време на Олимписките игри да бидат организирани со строги протоколи и без присуство на публика. Доколку Олимписките игри бидат одржани и биде одлучено да има публика, тогаш само Јапонците ќе имаат дозвола да бидат на трибини.
Сепак, во следниот период внимателно ќе се следи состојбата со ковид ситуацијата во Јапонија. Одлуката за конечниот исход за одржување на игрите треба да биде донесена за неколку дена.