Ракометарката на Будуќност, Русинката Валерија Маслова ќе биде надвор од терените извесен период откако заработи повреда на десната рака откако падна директно на неа при шут на натпреварот против Брест.
Маслова врескаше од болки после падот така што е јасно дека се работи за тешка повреда. Ова се случи при резултат 6:4 за Брест во моментите кога се играше 11. минута од натпреварот.
Ова може да биде причина за долга пауза така што Маслова се наоѓа во тешка ситуација. Нема да може да игра за Русија на Светското првенство во Шпанија, но ќе ја нема и во составот на Будуќност на следните средби.
Колку беше незгоден падот можете да видите во видеото во продолжение од handballfast.com