Шпанецот Давид Дејвис Камара е нов тренер на македонскиот првак Вардар, додека Владо Недановски, кој на последните три натпревари од полусезоната ги водеше „црвено-црните“ смета дека неговата позиција во клубот нема да се смени.
Тоа го потврди и во викенд – интервјуто за 24Ракомет.
„Разговаравме со Михајло и му кажав дека сакам да се избере најдоброто решение и да се направи најдоброто за Вардар, затоа што клубот е пред сè. Вардар е значаен дел од мојот живот. Што се однесува до мојата позиција мислам дека без разлика кој и да дојде ќе останам помошник тренер, тоа нема да се промени. Не ми пречи да соработувам со други тренери, сакам да учам и се надевам дека ќе имам шанса“, објаснува Недановски.
Подолу може да го погледнете интервјуто со Недановски…