Вардар славеше со 31-22 против дебитантот на завршниот турнир во Купот на Македонија, Алкалоид, и се пласираше во финалето.
Тренерот Владо Недановски вели дека не очекувал висока победа против тимот предводен од селекторот Кире Лазаров.
„Не очекував толку висока победа, бидејќи Алкалоид е квалитетен тим. Денеска го имавме тоа што го немавме во Битола, расположен Томовски на голот. За еден ваков меч мора да имаше таков голман. Бевме концентрирани, грешевме, но нормално е да се греши на ваков меч, но имавме доволно време да се подготвиме за него. Ракомет се игра 60 минути, имаше и добри и лоши моменти во текот на мечот, мило ми е што кризните моменти не беа причина за нервоза и заслужено победивме“, вели Недановски.
Вардар ќе игра во 22 финале во Купот, а ривал ќе им биде Еурофарм Пелистер.
„Игравме со кратка ротација, знам дека се исцрпени, но самото финале е финале. Мислам дека ќе проработи и адреналинот, ќе заборават на заморот кој денеска се створи. Ќе пробаме да го одбраниме трофејот“, заврши Недановски.