Ракометарите на Вардар Неготино наидоа на силен отпор против тимот на Македонија Ѓорче Петров, но дојдоа до триумф од 31:26.
Средбата имаше интересен тек и возбудувања, а нијанси решаваа кој ќе замине со предност на одмор. Се играше израмнето речиси до пред паузата. При резултат 10:12 дојде до засилено темпо при кое неготинци засилија и со неколку брзи погодоци и 5:0 стигнаа до предност на крајот од првиот дел од три гола, 15:12.
Вториот дел мина во контрола на резултатот. Вардар Неготино знаеше да ја зачува предноста односно постојано да биде на 4-5 гола разлика така што немаше проблеми до крајот на средбата да се издржи односно да се зачува водството.
Со ова неготинци полека ја оправдуваат фаворитската улога во групата, но јасно е дека ќе мораат да го засилат темпото ако сакаат и пласман во Супер лигата.
ВАРДАР НЕГОТИНО – МАКЕДОНИЈА ЃП 31:26 (15:12)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Димче Грнчаров од Битола.
ВАРДАР НЕГОТИНО: Димовски, Ташев 3, Трпески, Ивановски, Орешков 1, Стојанов, Митевски 2, Ристов 7, Јефремов, Грозданов 5, Ѓорѓев, Трпески, Минов 2, Пеовски 6, Вељанов 4, Најдов.
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 8 мин.
МАКЕДОНИЈА ЃП: Т. Неделковски, Огљановски, Иванов 4, Танев 4, Сарашов 6, Ангеловски 2, Лесански 3, Кочаров, Б. Неделковски 3, Стојановски, Коцев, Ѓиноски, Никодиновски 2, Ѓорѓиевски 1, Николовски 1
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 10 мин.