Еден од кандидатите за пласман во плеј-офот и секако кандидат и за пласман во Супер лигата, Вардар Неготино ја отвори сезоната со победа. На натпреварот кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, Вардар Неготино го совлада тимот на Текстилец со 30:25.
Кој е фаворит на овој дуел се виде после неколку минути игра. Тимот од Неготино отвори подобро и постојано беше во позитива. Имаше предност од 3-4 гола разлика која без поголеми проблеми успеваше да ја одржи до крајот на полувремето, а на одмор имаше 16:12.
Вторите 30 минути стартуваа со одржување на разликата, а имаше и зголемување до 5-6 гола. Притоа победникот не беше во ниту еден момент доведен во прашање.
Составот на Вардар Неготино знаеше како да ја сочува предноста и лесно да дојде до трите бода со кои тргнува добро во новата сезона од Првата машка лига.
Конечните 30:25 беа доказ за направеното на денешната средба во која составот на Вардар Неготино само потврди дека сезона има квалитет за битка за највисок пласман.
ВАРДАР НЕГОТИНО – ТЕКСТИЛЕЦ 30:25 (16:12)
Сала: СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Саше Јанкуловски од Битола.
ВАРДАР НЕГОТИНО: Димовски, Вељанов 5, Јефремов, Ристов 5, Бој. Трпески, Бор. Трпески, Ивановски, Стојанов 2, Грозданов 4, Пеовски 6, Митевски, Најдов, Ташев 5, Минов 2, Ѓорѓев 1, Орешков.
Седмерци: 4/5, Исклучувања: 6 мин.
ТЕКСТИЛЕЦ: Атанасов, Миланов, Ристов 5, Митрев 2, Трајчев 4, Јахјајов, Јовановки 1, Лазаров, Трајков 10, Петров 3
Седмерци: 2/2, Исклучувања: 4 мин.