Неготинци го потврдија местото во Суперлигата, па прославија во базен (ВИДЕО)

Екипата на Вардар Неготино по пауза од 20 години, повторно ќе биде дел во елитата откако во претпоследното коло од Првата лига успеа да триумфира против директниот ривал, Аеродром, со резултат 25:22 (11:10). Неготинци им овозможија на своите сограѓани да гледаат суперлигашки натпревари за следната сезона, а по натпреварот со Аеродром, играчите на Вардар Неготино големиот успех го прославија со „ладење“ во базен.