Невниманието скапо се плаќа – прими гол од центар додека помагаше на колешка! (ВИДЕО)

На средбата меѓу Хрватска и Чешка од квалификациите за ЕП во Македонија, Словенија и Црна Гора, беше виден и несекојдневен гол кој го постигнаа ракометарките на Чешка. Ивета Корешова го искористи невниманието на голманката Ивана Капитановиќ која и помагаше на нејзината колешка додека чешките ракометарки тргнаа во нападот. Корешова се обиде и успеа да ја совлада Капитановиќ од половина терен. Погледнете...