НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА: Пијан возач со автомобил влета на терен за време на ракометен дуел (ВИДЕО)

Изминатиот викенд во Шведска, еден натпревар од кадетска конкуренција беше прекинат поради „непоканет гостин“ во салата.

Играа екипите на Боден и Скара, а во еден момент актерите почнаа да бегаат од теренот, откако не сфатија во прв момент што се случува.

Пијан возач со својот автомобил не само што удрил во салата, туку успеа и да влета на теренот, а гледачите на трибините беа преплашени.

„Десет секунди пред инцидентот, ракометарите беа токму на тој дел од теренот. Имавме среќа, ова е мало чудо што во тие моменти никој не беше на тој дел и нема повредени“, изјавија од Боден.

Шведската полиција во истрагата утврдила дека возачот бил во алкохолизирана состојба, па ќе си добие голема казна за „влетувањето“ во сала.

Погледнете….