Тимот на Порто, каде што брани македонскиот голман Никола Митревски, забележа убедлива победа во 25 коло од португалскиот шампион.
Порто славеше против Боа Хора со 46-18, а Митревски беше најзабележителната фигура во домашниот тим, иако бранеше само во вториот дел.
Македонскиот чувар на мрежата запре дури 14 удари на противничките ракометари од 21 упатен удар кон неговиот гол и имаше успешност од 66%.
Прими само седум погодоци, а интересно е што ги запре сите четири контра напади на ривалот, плус одбрани и еден пенал. Сето тоа само за едно полувреме!
На пет кола до крајот Порто е прв на табелата со 73 бода, Спортинг е втор со 69 и натпревар помалку, а Бенфика е трета со 64 бода и два меча помалку.
До крајот на првенството, Порто ќе одигра по еден меч со двата големи ривали.