Како што беше и очекувано одлуката на ЕХФ да нема бараж натпревари за Светското првенство во Египет во 2021 година предизвика многу реакции. Голманот на репрезентацијата на Црна Гора, Небојша Симиќ на социјалните мрежи го објави својот револт.
На својот Инстаграм профил, Симиќ упати прашања до ЕХФ дали знаат дека во квалификациите ги имаат победено Данска, Германија, Хрватска и Шведска. Исто така истакна дека во јануари на Европското првенство ја имаа првата победа, а сега неправедно им е одземена можноста да играат на Светско првенство.
Симиќ со зачуденост испрати уште едно прашање до ЕХФ, дали знаете дека до тогаш има уште осум месеци, зарем навистина не можете да најдете време за два натпревари?