Репрезентативниот голман на Црна Гора кој настапува во Бундес лигата, Небојша Симиќ се приклучи на својот тим кој ги започна подготовките за следната сезона.
Голманскиот пар на Мелсунген, Симиќ и Хајнефетер ги покажаа своите готварски способности во локалниот ресторан каде што подготвија ручек за своите соиграчи
Откако соиграчите го пробаа подготвеното јадење од Симиќ веднаш му дадоа прекар според еден од најпознатите светски готвачи Нусрет попознат како „Salt bae“. Симиќ и Хајнефетер позираа во стил на врвниот готвач, а фотографиите погледнете ги продолжение.