Една од најдобрите ракометарки во светот, Кристина Неагу, го продолжи договорот со клубот од родниот град ЧСМ Букурешт до 2022 година.
Неагу претходно беше дел од Рулментул Брашов, Олчим Валчеа и Будуќност, чиј дрес го носеше од 2013 до 2017 година, а со подгоричкиот тим освои титула во Лигата на шампионите.
Во Букурешт ја игра третата сезона, а со новиот договор ќе комплетира пет години.
„Уште две сезони во ЧСМ Букурешт. Целите остануваат исти, сакаме да победуваме на сите натпревари, а за тоа ни е потребна вашата поддршка. Ве очекуваме и против ФТЦ веќе в петок. Напред ЧСМ“, напиша Неагу на Инстаграм по продолжувањето на договорот.
Романскиот првак не игра најдобро оваа сезона и едвај обезбеди место во четвртфиналето од Лигата на шампионите.