Романската екипа ЧСМ Букурешт поминува низ многу тежок период пред сè на финансиски план. Ракометарките немаат примено плата четири месеци и нема изгледи дека наскоро тоа ќе се промени или реши, пишува романскиот “sport.ro”.
Три екипи од најдобрите во Европа се обиддуваат ова да го искористат и да ја ангажираат најдобрата ракометарка на ЧСМ, Кристина Неагу. Друг фактор кој покажува дека Неагу е на заминување е лошиот однос и со претседателката на клубот, Габриела Сабо.
Дека ЧСМ е во голема криза потврува и фактот што главниот спонзор, општината на градот најави значително намалување на буџетот за следната сезона, а тоа би значело клубот сам да бара спонзори што во овој момент е голем проблем и би можело да значи гасење на клубот. Кристина Неагу која има годишна плата од 210.000 евра и останатите ракометарки со над 10.000 евра месечно ќе мораат да побараат нови клубови.
Во овој момент Ѓер, Ростов и Будуќност се подготвени да ја ангажираат Кристина Неагу и да ги исполнат нејзините финанскиски очекувања. Првите две екипи уште во 2017 година беа заинтересирани за Романката додека таа беше член на Будуќност. Ѓер има најголем буџет во женскиот ракомет но доколку Неагу се одлучи за унгарскиот тим би морала да се бори за своето место во тимот бидејќи има голема конкуренција на нејзината позиција.
Кристина Неагу четири пати беше прогласувана за најдобра ракометарка на светот и е најдобра ракометарка на Романија на сите времиња. Таа исто така е најдобар стрелец на Европските првенства и кој и да биде нејзиниот следен клуб сигурно ќе добие големо засилување.