На 81 година почина поранешниот „прв судија“ во ИХФ

Светската ракометна федерација ја објави тажната вест за смртта на 81-годишниот Манфред Праузе.

Праузе до 2017 година ја извршуваше функцијата претседател на судиската комисија во светската куќа на ракометот.

Германецот, кој целиот живот му го посвети на ракометот, беше играч од 1956 до 1976 година, а потоа и тренер од 1970 до 1990 година.

Бил делегат во германската федерација од 1993 до 2009 година, дел од комисијата на ИХФ за ракометни правила од 1995 до 2016 година, како и прв човек на судиската комисија од 2009 до 2017 година, кога се повлече од ракометот.