Македонската интернационалка Симона Гроздановска на 35 години реши да ја заврши играчката кариера.
За оваа одлука објави нејзиниот последен клуб, Швајцарскиот Винтертур во кој ги мина последните пет сезони од кариерата.
Гроздановска, која еднакво добро се снаоѓа на десната крилна и бековска позиција, потекнува од Ресен.
Во Македонија настапуваше за Тутунски Комбинат Бренд, Кале Кичево, Амбалажа Кабран и Металург, а со сите тимови играше во европските купови. На меѓународна сцена ги носеше дресовите на грчкиот ПАОК, турскиот Муратпаша, како и швајцарскиот Цирих.
Покрај тоа што во минатото во Македонија беше меѓу најдобрите стрелци, во Швајцарија беше прогласена два пати по ред за најдобар стрелец во женскиот шампионат.
За селекцијата на Македонија играше на 60 натпревари.