Поранешниот ракометар на Вардар и Еурофарм Пелистер, Ловро Јотиќ, го продолжи договорот со бундеслигашот Лајпциг.
Хрватскиот плејмејкер по две години минати во Македонија, летово се пресели во Германија, и се чини дека трансферот е полн погодок.
Тој ја продолжи соработката за уште една сезона и ќе остане член на Лајпциг до 2023 година. Хрватот даде 30 гола досега во сезоната, но подели и 38 асистенции, па во германскиот клуб се задоволни.
„Среќен сум што го продолжив договорот и што ќе останам во Лајпциг. Откако дојдов овде одлично сум прифатен од сите и заедно растеме како тим“, вели Јотиќ.
Во Скандинавија, но и во Германија, не е невообичаено ракометарите да имаат личен спонзор, па за платата на Јотиќ во сезоната 2022/23 ќе се „грижи“ ланецот ресторани „Patio del Sol“.