Селекцијата на Шведска во вторникот при пристигнувањето во Египет и завршувањето на своите активности ја дозна веста дека Македонија ќе игра во нивната група на местото на Чешка.
Ваквата вест за стручниот штаб и ракометарите значеше дека треба што побрзо да се анализира составот предводен од Данило Брестовац и тактички добро да се подготват за дуелот против Македонија.
На Светското првенство во Египет за репрезентацијата на Шведска нема да настапи Микел Апелгрен, но го искоментира дуелот со Македонија.
„Македонија има одлични индивдуалци како Кире Лазаров, Филип Кузмановски и Филип Талески. Но, ако не им биде денот, ќе им биде тешко. Шведска е подобра ракометна нација и треба да победи. Сепак, мислам дека Македонија ќе пружи голем отпор. Таа е потежок противник од Чешка и ќе беше добро да играме против Чесите на премиерата“, вели Апелгрен.
Натпреварот меѓу Шведска и Македонија се игра вечерва со почеток во 20:30 часот.