На унгарски тренер му го скршија носот во локално бифе

Тренерот на унгарскиот женски тим Шомбатељ имаше непријатна ситуација после која има скршеница на носот.

Ѓерѓ Марошан доби удар откако сакал да спречи тепачка помеѓу својот пријател и непознато лице. Тој за „Немзети спорт“ го опиша непријатниот настан по кој го извлече најдебелиот крај.

„Сè се случи без причина. Во неделата рано наутро околу 6:30 со мојот пријател бевме во локалното бифе да јадеме пита. Тој започна расправија со друг купувач на што не ни обрвнував внимание туку читав новости на телефонот. Расправата стана сериозна и јас застанав помеѓу нив за да престанат, реков не е важно дали питата ќе ја јадеме две минути порано или подоцна. Тогаш, од никаде добив удар и ми беше скршен носот. Лицето кое ме удри неколку пати ми се јави за извинување и лично и на телефон. Сметам дека простувањето е голема работа, секако разочаран сум од инцидентот но му простив. Сметам дека ова ќе му биде лекција дека со насилство не се постигнува ништо“, коментираше Марошан.

Екипата на Шомбатељ ги започна подготовките за новата сезона и веќе одигра неколку контролни натпревари.