На три кола до крајот – Извиѓач слави шампионска титула во Босна и Херцеговина

На три кола до крајот на првенството, тимот на Извиѓач Љубушки ја обезбеди шампионската титула.

Извиѓач славеше на незгодното гостување во Живинице кај тимот на Коњух со 37-35, откако и на полувремето водеше со еден разлика, 16-15.

Тимот на Тони Чолина има 46 бодови на првото место, пред Вогошча која има 36 и меч помалку, но нема шанси да оди нагоре.

Минатата година шампион на Босна и Херцеговина беше трофејниот Борац Бања Лука, но сега мораше да ја предаде круната.

Тимот од Љубушки ќе има шанса следната сезона да ја претставува БиХ во Европскиот Куп.