Светската ракометна федерација реши на СП во Египет да нема навивачи на трибините. Во салите на трибините се само официјалните лица и дел од репрезентациите кои сакаат да гледаат некој натпревар. Но, за време на средбата меѓу Египет и Македонија редарите имаа малку работа.
Се појави непоканет гостин, без акредитација, без дозвола. За среќа, не стигна до теренот, па откако редарите го опколија гостинот самиот си замина. Камерите не го фатија, но телефоните на оние што беа зад записничката маса го потврдија „инцидентот“…
Огромната сала во Каиро каде се играат натпреварите од групата каде е Македонија делума жално без навивачи. Скандинавските медиуми се жалат на квалитетите на ТВ преносите, на далечината на камерите и преносот. Огромната сала, а далеку поставената камера не го дава чувството дека можете се да видите добро.